Во тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера на магистралниот пат А2, Куманово- Крива Паланка кон граничен премин Деве Баир, почина шеесет и петгодишниот С.С. од Скопје, кој управувал со патничкото моторно возило.
Според официјалните информации од МВР, во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С. шеесет и пет години и товарно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од триесет и две годишниот Ј.М. од Крива Паланка.
Во незгодата, возачот на автомобилот, С.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Здравствениот дом „Димитар Арсов“, Крива Паланка, каде околу петнаесет часот и педесет минути им подлегнал на повредите.
Сопатничката од истото возило, шеесет и пет годишната К.С. од Скопје се здобила со тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите од здравствениот дом во Крива Паланка била пренесена и задржана во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица од општа надлежност- Крива Паланка.