Едно лица го загуби животот, а три се повредени во сообраќајната несреќа што вчера се случи на магистралниот патен правец на излезот од Охрид кон Кичево.
Во незгодата што се случи во 14:40 часот учествувале „Фолксваген голф“ со охридски регистарски таблички управуван од Љ.Г. (51) од Охрид, патничко моторно возило „Ауди А4“ со охридски регистарски ознаки управувано од Е.Љ.(22) од Охрид, патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки управувано од А.Џ.(46) од Струга и товарно моторно возило „Сканија“ со охридски регистарски ознаки управувано од Т.Ѓ.(38) од охридското село Вапила. ОД здобиените повреди во незгодата на пат кон болница почиал сопатникот од возило “Фолсваген голф“, Х.Г.(78) од Охрид Со тешки телесни повреди се здобил Љ.Г. а со телесни повреди се здобиле А.Џ. и Е.Љ. хоспитализирани во болницата “Свети Еразмо“.
Причините за незгодата ќе ги утврди увидот што го изврши увидна екипа од СВР Охрид.