Скопјанец загина откако синоќа со неговиот автомобил се судрил со товарно возило на патот меѓу охридските села Ботун и Климештани.

Несреќата, како што соопшти МВР, се случила вчера околу 15:00 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, меѓу Ботун и Климештани, меѓу патничко возило „Цитроен Саксо“ со скопски регистарски таблички, управувано од П.С.(55) од Скопје и товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од Охрид.

Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал возачот П.С.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Увид извршила екипа од СВР Охрид.