Сообраќајната несреќа што се случи претпладнево во близина на превојот Стража го блокира сообраќајот на патот Гостивар Кичево.

Како што информираат од МВР, сообраќајката се случила во 10 часот и 50 минути, кога се судриле „ауди“ со скопски регистарски таблички и „фолксваген голф“, со кичевска регистрација.

Сообраќајот од двете страни е во прекин.