На крстосницата од булеварот „АСНОМ“ со улицата „Васко Карангелески“ вчера патничкото возило „опел вектра“ управувано од Г.Г.(41) од Скопје, удрило во пешаците В.Г.(78) и О.Ш.(74), при што се здобиле со тешки телесни повреди.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во незгодата В.Г. и О.Ш. се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.