Скопјаните Ебубекир Сулејмани и неговата сопруга Егзона Максути, кои имале 24 години, го загубија животот во сообраќајна несреќа во Италија, а нивното шестмесечно бебе кое било на задното седиште, останало живо.

Несреќата се случила околу три часот по полноќ, на автопатот Пјаченца – Торино, во провинцијата Павија, објави Журнал.

Наведено е дека возилото кое патувал брачниот пар од скопската населба Методија Андонов- Ченто, а заедно со нив и бебето, удриле во камион паркиран на обележано место за паркинг на автопатот.

Тие живееле во Лион во Франција, а во Италија биле на одмор. Несреќата се случила кога се враќале кон Франција.

Според италијанската полиција, причина за несреќата е премореност на возачот.