Сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, Брижит Макрон, ќе биде во самоизолација седум дена откако беше во контакт со лице заразено со Ковид-19, соопштија од Кабиентот на Макрон.

Како што се наведува, Брижит Макрон била во контакт во четвртокот, на 15 октомври, со лице кое денеска имало позитивен тест за Ковид-19 и има симптоми на таа инфекција.

„Во согласност со препораките на здравствените власти, таа ќе биде во самоизолација седум дена. Брижит Макрон нема симптоми на болеста во оваа фаза”, се вели во соопштението.