Има нешто повеќе од 20 запишани соништа во Стариот и Новиот завет, но таа е единствената жена чиј сон е забележан. Во нејзината визија се јавува лично Исус Христос.

Таа се смета за светица од страна на Грчката православна црква, иако таа никогаш не била јавен следбеник на Христос, ниту пак Еврејка.

На судењето на Исус има многу моќни политички и религиозни водачи на Исусовата заедница сведочејќи против него. Имало дури и цела толпа на луѓе кои викале да се ослободи Бараба и да се распне Исус. Кога дури и неговите апостоли се откажале од него, оваа жена беше единствениот сведок во име на Исус на неговото судење велејќи му на Понтиј Пилат дека нема што да направи со тој праведен човек.

Ова е жена именувана во Евангелието на Никодимус како Прокула, подоцна позната како Клаудија Прокула, сопруга на Понтиј Пилат.

Во Никодимус, кога ја Евреите го сушнале нејзиното сведочење, му рекле на Пилат дека тоа е доказ дека Исус е маѓепсник кој ја натерал неговата жена да сонува.

Пилат знаејќи ја својата жена, не верува на нивните зборови и се обидува да го промени наративот на толпата поставувајќи прашања за тоа што направил овој човек. Пилат се надевал дека со тепање на Исус би ја ублажил крвољубивоста на Евреите, но на крајот си ги измил рацете како знак дека не сака да биде одговорен за неговата смрт.

Можеби за Пилат тоа било компромис помеѓу желбата на сопругата да не го казнува Исус и желбата на толпата да го распне, миејќи ја од себе одговорноста за смртта на Исус.

Пилат е тој што го пишува натписот „Ова е кралот на Евреите“, а кога свештениците сакаат да го порменат натписот тој вели: Напишав што напишав.

Во Никодимус се зборува за тоа дека Пилат бил тажен поради смртта на Исус и ги собрал Евреите прашувајќи ги дали го виделе чудото на затемнување и другите чуда што се случиле додека Исус умирал, а Евреите негирале.

Во едно од писмата на Пилот до Ирод тој му вели дека неговата сопруга рекла дека Исус воскреснал и се појавил во Галилеја. Таа го зела со себе војникот Лонгиниус и уште 12 војници кои биле кај гробот и отишла да се сретне со Исус. Таа го видела со неговите ученици и Никодимус продолжува да кажува како Исус зборувал со неа и ја прашал дали таа верува во него.

Прокула се вратила кај Пилат и му кажала за нејзината средба со воскреснатиот господар, по што Пилат легнал во кревет и паднал во жалост.

Подоцна со сопругата однел 50 римјани во Галилеја каде ја крстил апостол Павле и Пилат исто така бил преобратен
Пилат подоцна е погубен и пред да умре дава трогателна молитва која вклучува пофалби за неговата сопруга и вели:

О Господи еве твојот слуга кој стои стои во овој час на смрт, те моли да не ја казнувате за мојот грев туку
прости ни!

На Пилат му е простено од Господ и му е ветено дека ќе се појави како сведок на Исус при второто доаѓање.
Кога тој бил погубен, жена му Прокула видела како ангел доаѓа и го прима. Тоа ја исполнува со радост што таа
веднаш се откажува од животот и била погребана со нејзиниот сопруг.