Додека на ниво на цела Европа стапката се намали за 6,6 проценти во периодот меѓу 2016 и 2018 година, поминувајќи од 109,7 на 102,5 затвореници на 100.000 жители, Македонија е меѓу земјите каде таа стапка најмногу опаднала -9.7 проценти, јави МИА од Стразбур.
Македонија со 122,3 затвореници за 100 места, се наоѓа меѓу осумте земји кои пријавиле сериозен севкупен проблем со пренатрупаност во нивните затворски администрации. По Македонија следат Романија (120,5), Франција (116,3), Италија (115,0), Република Молдавија (113,4), Србија (109,2), Португалија (105,9 ) и Чешка (105,6). Уште четири земји имале затворска густина над 100 затвореници за 100 места Грција (101.0), Австрија (100.7), Словенија (100.5) и Данска (100.5).
Нашата држава е меѓу земјите со најниски пропорции на притворени лица веднаш зад Чешка 8.2 проценти, Македонија 8.4 проценти, Романија 8.6, Литванија 9.3, Полска 9.8 проценти, БиХ: Република Српска 11,2 проценти, Англија и Велс (Велика Британија) 11,4, Бугарија 12,5 проценти, Шпанија (Каталонија) 14,3 проценти, Шпанија (државна администрација) 14,4 проценти и Грузија со 14,8 проценти. Во целина во Европа притворениците биле 22,4 проценти од вкупната затворска популација. Затворската администрација со највисоки пропорции на притворени лица беа Холандија 41,8 проценти, Данска 40,5, Швајцарија 39,3 проценти, Ерменија 36,7, Италија 34,5, Грција 32,4 проценти, Северна Ирска (Велика Британија) 32 проценти и Франција 29.5 проценти, со исклучок на земји со помалку од 300.000 жители.
Затворската администрација со најголемо затворско население беше Русија со 602.176 затвореници, Велика Британија (Англија и Велс) со 84.373, Полска 73. 822, Франција со 69.596 и Германија со 64. 193затвореници. Бројот на затвореници најмногу се намалил во однос на претходната година во Романија за -17 проценти, Бугарија -16.3, Норвешка -10.1, Латвија за -10.1 проценти, Македонија за -9.6 проценти, Ерменија -9,5 и Финска за -9,5 проценти. Бројот на затворениците најмногу се зголемил во Исланд + 31.5 проценти, Данска + 7.2 проценти, Италија + 7.2, Холандија + 6.7 и Црна Гора +5.6 проценти, а се исклучуваат земјите помалку од 300.000 жители.
Македонија е меѓу земјите со највисока смртност во затворите 52,8 смртни случаи на 10.000 затвореници, веднаш по Република Молдавија (55), пред Бугарија (51.5), Португалија (51.3), Русија (51), Литванија (50), Азербејџан (46.7) , Хрватска (43.9) и Велика Британија (Шкотска) (39). Инаку, вкупната стапка на смртност во затворите во Европа во 2017 година изнесува 26,3 на 10000 затвореници.
Нашата држава е во земјите со најголема должина на затворската казна 20,4 месеци, додека просекот во Европа е 8,2 месеци. Администрацијата на затворите со највисока просечна должина на затворање беше Азербејџан 37,7 месеци, Португалија 31,1, Романија 24,2, Чешка 24,0, Шпанија (државна администрација) 21,8, Република Молдавија 19,9 и Шпанија (Каталонија) 19,3. Со најниска просечна должина на притворот беа Кипар 1,2 месеци, Швајцарија 1,6, Холандија 3,5, Данска 3,9, Велика Британија (Северна Ирска) 4,2, Црна Гора 4,6, Хрватска 4,7 и Норвешка 4.9.