Грчкиот премиер Алексис Ципрас пристигна во Владата каде што со  државни и воени почести беше пречекан од премиерот Зоран Заев и владинини министри.

Ципрас и делегацијата што го придружува околу 9:40 часот со владин авион пристигнаа на аеродромот Скопје. Го пречека вицепремиерката и минисерка за одбрана Радмила Шекеринска, по што се упати кон Владата.

Официјалната посета на Македонија, прва на некој грчки премиер, Ципрас ќе ја почне со средба со неговиот домаќин премиерот Зоран Заев.

По тет-а-тет разговорите Заев – Ципрас и меѓувладиниот состанок, двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција.

Грчкиот премиер ќе има средба и со собранискиот спике Талат Џафери.

Попладне ќе се одржи Бизнис форум, на кој ќе се обратат двајцата премиери.

Во делегацијата што ќе го придружува  Ципрас за време на посетата на Скопје, покрај министри во Владата, се и претставници на повеќе од сто големи и средни грчки компании кои се заинтересирани за инвестирање во земјава.

Во пресрет на денешната посета на Скопје, првпат во интервју за медиум од Северна Македонија, премиерот на Грција, за МИА говори за претстојната средба со Заев и делегациите од двете земји и идните планови за соработка, а зборува и за важноста на Договорот од Преспа.

Во разговор со дописничката на МИА од Атина, Ципрас потенцира дека посетата е од историско значење, базирана на нова стратешка визија за двете земји, открива дека ќе дојде со десет министри и ќе се потпишат низа договори во различни области.

Вели дека Грција и Македонија мора да бидат партнери и сојузници, упатува порака дека Атина треба да има стабилен и безбеден северен сосед, а Скопје има потреба од силен сосед што ќе ги поддржува нејзините чекори кон европската перспектива.

Ципрас, во однос на економскиот развој, вели дека веќе е добро позната на нашите граѓани улогата што грчките компании ја имаат во земјата, и оти на Бизнис форумот ќе се истакне дека на тој план двете земји можат да одат понатаму.

Посетата на Ципрас која од медиумите и аналитичарите во двете се оценува како историска, ќе биде пренесувана во живо од националните телевизии на Грција и на Северна Македонија, вклучувајќи го пристигнувањето на аеродром, свечениот пречек пред Владата, меѓувладината седница, заедничката прес-конференција на премиерите и бизнис форумот.

Поради посетата на Ципрас денеска од 09:30 до 20 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во поширокото централно подрачје на Град Скопје.

Авионот на Ципрас доцнеше, во Владата почнаа разговорите

Во Владата во тек се разговорите на премиерот Заев и грчкиот премиер Ципрас.

Ципрас претходно беше пречекан пред Владата од Заев и владините министри. Поради доцнењето на авионот со кој пристигнаа Ципрас и десеттината министри кои го придружуваат, церемонија на пречек беше скратена.

Дајцата премиери при пристигнувањето на Ципрас во Влада се поздравија со новинарите и направија неколку селфи фотографии по што се упатија во владината зграда.

Официјалната посета на Ципрас на Македонија, прва на некој грчки премиер, ја следат 100 акредитирани новинари, од кои околу 40 од Грција.

Посетата која од медиумите и аналитичарите во двете се оценува како историска, ќе биде пренесувана во живо од националните телевизии на Грција и на МТВ, вклучувајќи го пристигнувањето на аеродром, свечениот пречек пред Владата, меѓувладината седница, заедничката прес-конференција на премиерите и бизнис форумот.

 

Пристигнување на премиерот Ципрас и грчката владина делегација на Аеродромот Скопје [02.04.2019]

Во живо од пристигнувањето на премиерот Ципрас и грчката владина делегација на Аеродромот Скопје.

Gepostet von Zoran Zaev am Dienstag, 2. April 2019