Советот за јавни обвинители утре ќе цени дали ќе започне постапка за разрешување на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која во моментов е во притвор во затворот Скопје за предметот „Рекет“ на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

Како што соопшти претседателот на Советот Коле Штериев за МИА, на седницата ќе се одлучува дали Советот ќе оцени да започне постапка за разрешување на Јанева и да донесат извештај.

Седницата на Советот ќе биде затворена за јавноста поради тајноста на истражната постапка  којашто сеуште е во тек.