Езерото Треска пред очите на целата јавност станува жртва на урбаната мафија заштитена од власта, се вели во денешната реакција советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

-Она што се случува во моментот таму е илегален грабеж и руинирање на она што претставува државна сопственост и заедничко добро на сите. Градоначалникот Шилегов не ја кажува вистината и лаже кога се обидува таквиот грабеж да го престави како некое ревитализирање. Шилегов да каже од кога тоа корнење канделабри, рушење на објекти и кршење бетон преставува ревитализирање а не грабеж. Во моментот се случува руинирање на општествено добро за кој директна одговорност има Шилегов кој ветуваше враќање на стариот сјај на езерото. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во целост ги поддржува барањата на авто камперите, и бара од градоначалниците на градот Скопје, општината Сарај и Владата решавање на овој прпблем. Воедно во текот на денешниот ден Советничката група ќе побара на тековната седница Советот на град Скопје да расправа во однос на состојбата со Езерото Треска. Уништувањето на Езерото Треска станува неславен заштитен знак на владеењето на Шилегов, се вели во соопштението од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.