„Има проблем во суштината и во формата“ во врска со дипломатската криза меѓу Франција, Австралија и САД, смета Стефан Сежурне, европратеник од редовите на Републиката во Марш и политички советник на претседателот Емануел Макрон, јави дописникот на МИА.
Гостувајќи утринава на радиото Франс Интер, европратеникот кажа дека телефонскиот разговор меѓу претседателот Емануел Макрон и неговиот американски колега Џо Бајден, што треба да се одржи оваа недела, поради тензиите предизвикани со австралиските подморници, нема да биде „телефонски повик за помирување“.
-Тоа нема да биде повик за помирување. Начинот на кој беше раскинат овој договор, што поставува прашања за самата концепција да се биде сојузник на Американците. Зад оваа промена на австралиската основа, очигледно постојат разлики во Индо-пацифистичката стратегија, вели европратеникот и претседателски советник.
Сежурне смета дека „Франција која е во смирување, а САД се во конфронтација со Кина“, „ќе преземе мерки за изградба на европска одбрана“.
Жан-Ив ле Дриан вчера уште еднаш го обвини Вашингтон за ова прашање, на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Шефот на француската дипломатија го осуди за „недостиг на консултации, рефлексии од мината ера и бруталноста на објавувањето на Џо Бајден.
-Сигурно ќе има барање за надомест, признава Сежурне.
Европратеникот потсетува дека „Франција и Европа имаат интереси во овој регион, со прекуокеанските територии“.
-Надвор од индустриското прашање, постојат политички прашања со кои треба да се разговара. Јасно е дека Кинезите се во трка за вооружување, Американците не го играат австралискиот договор, што ќе ја иритира Кина и ќе ја затегне ситуацијата во регионот, оценува Сежурне.
За Жан-Ив ле Дриан, методот на Џо Бајден наликува на методот на Доналд Трамп, „без твитови и со прилично неподнослива форма на свечена изјава“.
Сежурне одговара: “Не смееме да се залажуваме и, згора на тоа, француската левица и европските земји се залажаа кога тој пристигна. Не смееме да го мешаме идеолошкото усогласување со стратешкото усогласување”.
Европратеникот, исто така, реагираше на истражувањето од 650 страници, кое го открива распространетиот и високо професионализиран гигантизам на мрежите на влијание изградени од Кина низ целиот свет.
-Кина од пропаганда премина во мешање, исто како Турците, а тоа е загрижувачки. Ова се нови оружја, оние на 21 век, за да се дестабилизираат демократиите, ние треба да се вооружиме против тоа.
Сежурне вели дека се плаши од мешање на Кина за време на претседателските избори:
-Да, тоа е ризикот, ние доживеавме во 2017 година мешање на Русија, пробиени електронски пораки објавени на социјалните мрежи, рече тој.