Јас сум горд на тоа што ми биле другари, се бореле како лавови. Биле предадени но издржале до последен момент, како што им доликува на јунаците слични на Мит Соколи на нашата нација, рече во интервјуто за КТВ, Џезаир Шаќири, познат како командант Хоџа. Тој деновиве беше именуван за советник за безбедност на премиерот Зоран Заев.

Во војната од 2001 година, во која загинаа 75 припаднции на македонските безбедносни сили, Шаќири беше еден од командантите на ОНА, кога го добил прекарот командант Хоџа. Шаќири во интервјуто говореше и за терористичкиот акт што пред три години се случи во Куманово.

– Само еден пример: единицата Тигри има 520 припадници кои што важат за најсилни и најтренирани во Македонија. Од нив 8 се убиени и 37 ранети. Ако ги поделиш излегува дека 10 отсто од најсилната полициска единица во Македонија беше елиминирана. Да не зборуваме за деморализирање на останатите кои, според информациите што ги имаме се со големи трауми- рече во интервјуто советникот за безбедност на премиерот Заев.

Тој трагичен 9 мај во 2015 година се случи антитерористичката акција на македонската полиција во Куманово, во која осуммина македонски херои го положија својот живот во одбрана на својата татковина. Убиени беа осум припадници на специјалните единици на македонската полиција.

Шаќири, алијас командант Хоџа, од неодамна е на владиниот платен список, како советник на премиерот Заев, за што добива плата од 600 евра од државата чии полицајци убиваа терористите со кои Шаќири се гордее.