Парламентарното собрание на Советот на Европа ја изрази својата длабока загриженост поради постојаното зголемување на манифестациите на исламофобија во Европа, што достигна високо ниво во последните години и повикува на мерки за борба против исламофобијата, јави дописникот на МИА од Стразбур,
Според усвоената резолуција, врз основа на извештајот на Момоду Малколм Џалоу (Шведска, ОЕЛ), антимуслиманскиот расизам се манифестира преку предрасуди, стигматизација, дискриминација (вклучувајќи профилирање), говор на омраза и исклучување на образованието, вработувањето и домувањето.
Во својата резолуција, ПССЕ го осуди исламофобниот говор во јавниот и политичкиот дискурс, направен од популистичките и екстремно десничарските движења, често зафатен од главните политички актери и ги осуди расистичките и исламофобични теории на заговор, особено т.н. теорија на големата замена.
Во овој контекст, ПССЕ ги повика земјите-членки да усвојат акциони планови насочени кон спречување и борба против исламофобијата или да обезбедат дека акционите планови против расизмот и дискриминацијата конкретно упатуваат на исламофобијата.
Законодавството и политиките за антитероризам мора да бидат доволно ограничени за да се спречи нивното користење на произволен и дискриминаторски начин, се подвлекува во усвоениот текст.
ПССЕ, исто така, ги охрабри политичарите да зборуваат против исламофобијата и сите други форми на нетолеранција, а политичките партии да ја потпишат Повелбата на европските политички партии за нерасистичко и инклузивно општество како што се повикува во нејзината Резолуција 2443 (2022).
На крајот од резолуцијата, ПССЕ ги повика земјите-членки да спроведат кампањи за подигање на свеста и информирање за пошироката јавност со цел да се пренесе пораката дека е одговорност на сите членови на општеството да се спречи и да се бори против исламофобијата.