Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и мексикански репрезентативец Уго Санчес изјави дека Шпанија намерно загубила од Јапонија (2-1) на Светското првенство во Катар за да избегне евентуален дуел во четвртфиналето против Бразил.
Шпанија во последното коло во групата Е со пресврт загуби од Јапонија и како второпласирана во групата во осминафиналето ќе игра против Мароко.
– Не бев таму, не сум во главата на селекторот на Шпанија, Луис Енрике, но, тој сигурно размислувал која е формулата да се избегне Бразил. Многу ризикуваше, но таков беше влогот, изјави Санчез.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Санчез, кој од 2007 до 2008 година беше селектор на Мексико, рече дека Енрике никогаш нема да признае дека намерно загубил натпревар.
– Никогаш тоа нема да го рече. Ние тренерите никогаш нема да признаеме дека сме дозволиле да нè победат. Тука станува збор за тоа дали одлучил „мојот избор е подобро да загубам, додаде Санчез.