Селекцијата на Англија забележа висока победа на првиот меч за нив на СП во Катар. Го совладаа Иран со 6:2. Се почна во 35-та минута со голот на тинејџерот Белингам, а продолжија Сака во 42-та и Стерлинг во 46-та од првото полувреме.

Во вториот дел, ист стил, доминација на Англичаните, во 62-та минута Сака со својот втор гол зголеми на 4:0. Но, три минути подоцна Тареми постигна гол за 4:1. До крајот уште два гола во нивната мрежа, најнапред Рашфорд по една минута помината на теренот постигна гол за 5:1, а Грилиш во 90-тата погоди за 6:1.

Судииите покажаа цели 10 минути продолженија, поради прекините и големиот број на измени, па во самиот финиш од судиското продолжение, поради влечење во казнениот простор на Англија, се гледаше ВАР, а потоа судијата Клаус досуди пенал. Сигурен реализатор на пеналот беше Тареми за негов втор гол на овој натпревар.

Во оваа група се наоѓаат уште селекциите на САД и Велс, кои вечерва во 20 часот играат меѓусебно.