Репрезентацијата на Костарика ја совлада Јапонија со 1:0 во првиот натпревар од второто коло во групата Е.

До победата Костарика стигна во 81 минута со погодокот на Кејшер Фулер. Статиката од натпреварот вели дека поседот на топката повеќе бил кај Јапонците кои имале и 14 шутеви кон голот, но тоа не беше доволно за погодот на „самураите“.

Во моментов сите четири репрезентации од групата Е се во игра за поминување во следната фаза.

Натпреварот се одигра на стадионот „Ахмад бин Али“.