На хокеарскиот Мундијал во Словачка синоќа беше комплетирана четвртфиналната фаза која донесе три драматични натпревари. На два од нив победникот беше решен по продолжение.

Постигнати резултати:
Канада – Швајцарија 3:2 (по продолжение)
Русија – САД 4:3
Чешка – Германија 5:1
Финска – Шведска 5:4 (по продолжение).

Во полуфиналето ќе играат:
Русија – Финска
Канада – Чешка.

Победниците ќе се борат за шампионскиот трофеј, а поразените ќе одиграат меч за третото место.