Македонската ракометна репрезентација попладнево (15:30 часот) против Словенија го игра првиот натпревар во Групата 4 од главната фаза на Светското првенство во Египет.

Македонските ракометари започнуваат од последното место во новоформираната група и без пренесени бодови од прелиминарната рунда поради двата пораза од Шведска и Египет.

Во истиот термин, в петок, противник на македонските ракометари ќе им биде Русија, а во последното коло, в недела, репрезентацијата на Белорусија.

Пласман во полуфиналето ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации во групата.

Група 4: Шведска 4 бодови, Русија 3, Египет 2, Словенија 2, Белорусија 1, С. Македонија 0.