Македонската ракометна репрезентација ќе се сретне со Тунис во второто коло од Групата-2 во Президент купот на Светското првенство во Полска/Шведска.
Со евентуална победа избраниците на селекоторот Кирил Лазаров многу веројатно ќе го обезбедат првото место во групата и ќе играат за пласман на 25. место.
Двете селекции во првото коло забележаа победи.
Натпреварот во Плоцк почнува во 18 часот, додека Алжир и Мароко кои се без освоен бод ќе играат од 15:30 часот.
На распоредот се и шест натпревари од Главната групна фаза:
Бахреин – Египет (15:30 часот)
Србија – Аргентина (15:30)
Хрватска – Белгија (18:00)
Катар – Норвешка (18:00)
Холандија – Германија (20:30)
САД – Данска (20:30).