Ракометната репрезентација на Словенија, ја оправда фаворитската улога во дуелот со Македонија, и победи со 31:21, во првиот натпревар до главната фаза на Мундијалот во Египет.
Македонските ракометари одлично го стартуваа натпреварот, имаа и водство, но како одминуваше времето, Словенија се совземаше, додаваше гас и констатно ја зголемуваше разликата. И на полувремето замина со предност од 9:13.
Во вториот дел уште пожестоко темпо на Словенците, грешките во македонскиот национален тим се повторуваа, особено во одбраната, па така Словенија констатно ја зголемуваше предноста, за на крајот таа да изнесува 10 разлика.
Задутре Македонија во главната фаза игра против селекцијата на Русија, исто така во 15:30 часот.