Репрезентацијата на Македонија загуби и во третото коло од Светското првенство во Полска и Шведска од селекцијата на Аргентина со убедливи девет гола разлика, 35-26 и ќе разигрува за пласман од 25 до 32 место во Плоцк.

По водството на аргентина со седум голови разлика по првото полувреме, на почетокот на вториот дел, двете репрезентации постигнаа неколку брзи гола. Резултатот по пет минути игра беше 14:21 во корист за селекцијата на Аргентина. Иако Македонија ја подобри играта во напад, постигна неколку брзи гола, сепак, одбраната дозволуваше премногу простор за ривалот .

Веќе при водство на Аргентина од 16:24 во 40-та минута, беше јасно дека Македонија ќе има тешка задача за било какво резултатско приближување. Како одминуваше времето Аргентина сѐ почесто доаѓаше до погодок, додека во ,,црвено жолтиот” табор паѓаше темпото и се зголемуваа грешките. Aргентина зголеми на 26:17 и рутински го одработи последниот дел од натпреварот.

Слично како и на претходните два меча, немаше време, а ние немавме ниту сили да парираме или да бркаме камбек по високата негатива, па немаше дилеми околу конечниот победник. По овој висок пораз, на Македонија и останува да се бори за пласман од 25 до 32 место на Мундијалот и ќе разигрува во Плоцк.

извор: 24rakomet