Оливер Спасовски веднаш да се извини и да го суспендира полицаецот кој преку социјалните мрежи му се заканува на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, во спротивно ќе се обвистини дека тој лично стои зад заканите, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Спасовски веднаш да покрене постапка за прекин на работен однос за инспекторот Шкрета, кој на социјалната мрежа фејсбук му се заканува на портпаролот на партијата Димче Арсовски. Лица кои се закануваат и шират говор на омраза, не смеат да бидат лицето на МВР. Како граѓаните кои не се истомисленици на Спасовски да се чувствуваат безбедни, кога инспектори, кои се задолжени да ги штитат, ги напаѓаат, доколку демократски искажале став? Ваквите закани и навреди на социјалните мрежи од лица блиски до врвот на власта се директно поттикнати од Спасовски, кој со неказнување го одобрува нивното однесување. Токму затоа мора веднаш да го суспендира заканувачот и да се извини, цо спротивно јавноста нема да има сомнеж дека тој лично не стои зад заканите, истакнуваат од опозицијата.
Откако полициски службеник, за кого лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е икона, како што самиот напиша во 2019 година, на социјалните мрежи напиша оментар полн со омраза и закана кон портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, во јавноста се огласи и самиот Арсовски.
Извесен Елхам Шкрета, потпишан на ФБ како Еки Сдсм, близок гушкач на Заев со кој што се гушкаат на митинзи на СДСМ, инаку вработен во МВР, денеска лут бидејќи Оливер Спасовски е неспособен, се „истакна“ јавно во врска со мене.
Од кадри и членови на СДСМ не ни очекувам ништо поразлично од ова, ама сум сигурен дека овој лик го штитат Заев и Спасовски.
Прво, треба да си недоветен и луд да мислиш дека ако некој пцуеш јавно ќе ти се плаши. Тоа кај мене не го гледа овој лик. Имало мажи и мажи што не ме исплашиле, па нема ни овој.
Второ, поважно ми е дали Оливер Спасовски ќе преземе одговорност да го сакционира од работно место или ќе го штити и ќе го награди?
П.С.: Додека вакви работат во МВР, не „Јавна соба“, да има случај и „Јавна куќа“, нема да се реши. Е, заради вакви ни се случуваат вакви скандали како „Јавна соба“ – напиша Арсовски.