Околу 1.500 мигранти биле спасени во Медитеранот во операции спроведени од италијанските крајбрежни власти, од невладини организации како и од европската гранична агенција Фронтекс спроведени во четвртокот и во петокот.

Само во петокот во седум одвоени операции се спасени 1.050 луѓе при обид да влезат во Европа, а сите операции биле координирани од италијанските власти.

Само две германски невладини организации (Sea-Watch и Sea-Eye) рекоа дека спасиле 450 лица кои се наоѓале на пренатрупани бродови. Инцидент се случил за време на превземање мигранти од пренатрупан брод кога до него се приближиле либиските власти, по што многумина скокнале од бродот за да избегнат евентуално враќање во Либија.Но, либискиот брод останал на пристојно растојание, јавија агенциите.

Повеќе од 10.000 мигранти се регистрирани во Италија од почетокот на годинава, соопшти Меѓународната органзаијца за миграции, ИОМ. Оваа бројка е за 80 проценти помала споредно со претходната година.