Премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук објави дека околу 5000 полициски службеници и вработени во Министерството за внатрешни работи денеска добиваат бонус-плата во висина од една просечна плата во државата.
– Првпат им овозможуваме на полициските службеници да го остварат своето законско право да им се исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата ако работеле повеќе од 150 часа од редовното работно време и ако не отсуствувале повеќе од 21 ден во една година. Го вративме достоинството на полициските службеници, ги направивме поблиски до граѓаните. Продолжуваме со континуираната грижа за стандардот и за соодветното вреднување на професионалниот статус на граѓаните, напиша Спасовски на Фејсбук.