Благодарност за изненадувањето од страна на мојот тим и од македонската амбасада во Берлин, порача министерот Оливер Спасовски од Берлин, каде што го прослави 46 роденден.
– Ви благодарам на сите за искрените честитки. Да сте живи и здрави!- објави Спасовски на својот официјален профил на Фејсбук.
Тој, како што објавивме, ја предводи делегацијата на МВР на Берлински процес. Спасовски на Фејсбук објави и повеќе фотографии од овој роденденски настан на министерот во седиштето на Амбасадата на Македонија во Германија, во Берлин.