Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Швајцарската Конфедерација.
Спасовски, како што соопшти МВР, утре во Берн ќе има работна средба со неговата колешка, министерката за правда и полиција на Швајцарската Конфедерација, Карин Келер-Сутер, а по повод потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Владата на Македонија и Швајцарскиот Федерален совет за воспоставување на партнерство за миграција.
Согласно веќе воспоставената практика за време на работните престои во странство да остварува средби со наши исселеници под мотото „Го слушаме гласот на сите, секој еден е важен!”, Спасовски во Тринген, денеска ќе се сретне со наши сограѓани, во македонската православна црква, „Св. Наум Охридски”. Целта е да се иницираат и забрзаат веќе отпочнатите активности за подобрување на условите на нашите граѓани во државите во кои живеат, наведуваат од МВР.