Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска објави дека корупцијата во Македонија, во првите 6 месеци од оваа година се намалила за 22 отсто во споредба со 2022 година.

Спасовски објави на Фејсбук дека имало 47 кривични дела, кривично пријавени 80 сторители и материјална штета над 92,7 милиони денари.

Од тие 47 кривични дела, 26 биле злоупотреби на службена положба со коруптивни елементи, девет се несовесно работење, 6 кривични дела се поради примање поткуп, давање поткуп–четири и по едно кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело, и поттикнување во врска со злоупотреба на службена положба и овластување.