Секој ден „непознати сторители“ ја бомбардираат Македонија со дојави за подметнати (лажни) бомби, а министерот Оливер Спасовски преку социјалните мрежи ја бомбардира јавноста со успеси на МВР откако тој е на чело на ова министерство.

– Бидејќи во многу скоро време ќе ја пуштиме во употреба и новата зграда на Форензичкиот центар, како најсовремена лабораторија на Балканот, во Буџетот на МВР за 2023 година предвидени се средства за набавка на најсовремен автоматизиран систем за идентификација на отпечатоци за потребите на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења. Со ова ќе се надгради ефикасноста на овој Оддел, во насока на дигитализација на форензичките постапки, што е од интерес не само на институциите за спроведување на законот, туку и на сите граѓани, објави Спасовски на својот официјален профил на Фејсбук.

Спасовски речиси секојдневно на Фејсбук и другите социјални мрежи реди „успеси во неговиот мандат и зголемен процент на откривања и сузбивање на криминалот и корупцијата“ во Македонија.