Криминалец баран со потерница сред бел ден пука во полициски службеници, а функционерите од СДСМ и ДУИ го ослободуваат и пуштаат слободно да си замине. Сценарио кои го има само во филмови посветени за нарко картелите и криминалните банди.
Ова се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ. Соопштението го објавуваме во целост:
Сеуште без одговор од министерот за внатрешни работи дали заменик директорот на БЈБ, Ариф Асани, инаку висок партиски функционер на ДУИ го ослободил лицето кое пукало кон полициските службеници пред 50тина сведоци во Чаир.
Дали во целиот овој настан при пукањето од криминалецот штитен од Асани и Спасовски постои видео запис каде што се гледа дека во близина на инцидентот имало над 50тина млади лица дојдени на прослава?
Млади луѓе кои можеле да бидат жртви од дивеењето на криминалецот кој бил заштитен како бела мечка од власта на СДСМ и ДУИ.
Дали на видеото се гледа дека пукањето е на булевар каде во моментот има дваесетина возила во кои има луѓе и панично бегаат за да го спасат својот живот од дивеењето на лицето барано со потерница за одлежување на затворска казна?
Дали на видеото се гледа, како Арифи го ослободува лицето и ги повлекува полициските службеници истото да не биде уапсено и однесено во полициска станица.
Молк и од Ковачевски за целиот овој скандал, кои Оливер Спасовски од петни жили се обидува да го прикрие. Штурите изјави од Ковачевски дека овој случај ќе има завршница, се само празни изјави бидејќи истото лице со месеци бил под целосна заштита од функционерите на СДСМ и ДУИ.
Државата и безбедноста на сите луѓе во Македонија не смеат да бидат заложници на подредената улога во власта на СДСМ, на Ковачевски и на Спасовски само и само за гола власт!
Владата на СДСМ и ДУИ е извор на криминали и мафијашки скандали, премногу е! Одговорност мора да има.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ