Ова раководство на МВР првпат по 2005 година гради нова зграда на крим-техника која мора да биде опремена и со мебел за да профункционира како Национален форензички центар, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
– Во врска со прашањето кое опозицијата го поставува за набавка на мебел – по 2005 година првпат ова раководство на МВР гради нова зграда на крим-техника која треба да биде целосно опремена, а покрај другото опремена и со мебел, ако сакаме да профункционира овој нов Национален форензички центар. Клучната работа на полицијата – ефикасноста, зависи од опременоста на полициските службеници, токму од тој аспект се предвидени финансиските средства за набавка и на возила и на мебел, објави Спасовски на неговиот официјален профил на Фејсбук.
Спасовски често објавува статуси за реновирани фасади и ентериери на полициски станици во Македонија за поефикасна работа на полицијата во сузбивањето на криминалот и корупцијата.