Казна од две години затвор односно четири условно добил С.Ф.за закана со убиство по телефон на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, објавија медиуми бслики до власта.
Како што се наведува, пензионираниот полициски службеник упатувал закани по живот кон министерот Спасовски поради што јавното обвинителство поведе постапка против него.
– Осомничениот, од својот мобилен телефон, се јавил во полициска станица во Центар со закана дека ќе биде убиен министерот за внатрешни работи, по што веднаш ја прекинал врската. Откако бил идентификуван и лоциран, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени еден карабин марка Ц3 со калибар 8,57, пиштол марка чешка зброевка со калибар 7,65 мм, пиштол марка смит енд весон модел 38/2, повеќе куршуми од различни калибри, лисици и телескопска палка, соопшти обвинителството по поведената истрага.