Јас ќе истакнам дека за да се чувствува одговорност треба да направите пропуст намерен на овие насоки кои што се дадени, ова денеска преку прес-конференција го истакна Оливер Спасовски.

Министерот за внатрешни работи додава дека според хронологијата на настани МВР постапило веднаш од моментот на добивање на нашите информации.

-Ние мораме да ја бараме одговорноста во непостоењето на целосниот систем, јас тоа го укажам и претходно, доколку не се среди целосно системот и доколку имаме вакви сериозни пропусти во делот на системот тогаш секако дека ќе имаме вакви настани кои што ќе ни се случуваат, вели Спасовски.

На прашање дали МВР знае каде се наоѓа во моментов Сашо Мијалков, министерот Оливер Спасовски одговори дека според сознанијата, екс директорот на УБК е во државата.

„Според сите сознанија и истрагата досега, сметаме дека Мијалков се уште е во државата и ние интензивно работиме да го пронајдеме и да го изнесеме пред лицето на правдата“, рече Спасовски.