Не знам каде премиерот ја гледа суетата кај опозицијата, рече во вечерашната „Само вистина“ Оливер Спасовски.
Мислам дека е добро тоа што се одржа ветувањето кон пензионерите за пензиите, иако не како што беше најавено наеднаш туку во два турнуси. Добро е што не се прекинаа ад-хок сите проекти кои што беа започнати во иминатиот период во смисла на странските инвестиии и капителните проекти. Не знам каде премиерот ја гледа суетата кај опозицијата. Очекуваме проекти кои што се добри и ќе ги поддржиме. Постојат теми од национален интерес за кои што мора да бидеме обединети. Со поддржување на законот за зголемување на пензиите покажавме поддршка и очекуваме да видиме мерки и конкретни чекори каде ќе покажеме дека сакаме да се обединиме, рече Оливер Спасовски.
Во врска со унгарскиот кредит, тој истакна:
-Кредитот од Унгарија е договорен целосно вонинституционално, уште кога актуелната власт беше опозиција, тоа отвора многу основани сомнежи, особено што има недефинирани трошоци, провизија и начин на реализација. Имаме недефинирани трошоци за кредитот во законски рамки. Тоа остава простор да бидат повеќе а не да бидат точно дефинирани. Тоа се сериозни основани сомневања. Денеска ќе се потпише кредитот. Но, Законот е веќе донесен за задолжување во Собранието, и во тој законски текст нема одредби кои треба да се јасни пред граѓаните. Како на пример провизијата. Овие суми се ставаат во законски текст за никој да не може да измрда понатаму.
Според него нема доволно информации како парите ќе бидат распределени во стопанството, се сомневаме и во делот на тоа како ќе биде целата реализација.
-Моите информации говорат дека најголем број градоначалници аплицираат со проекти кои не се ревидирани, кои немаат дозволи за градби и тоа може да биде проблем за реализација. Од друга страна се уште немаме информации како тие средства ќе бидат поделени на стопанството, како ќе бидат поделени на компаниите, со кои камати ќе се доделуваат, рече Спасовски.