По три децении се реализира овој пат, објави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Денеска, на покана на градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илиев, присуствував на официјалната завршница на проектот за изградба на локалниот пат од селото Оризари до манастирот „Пресвета Богородица – Балаклија“ во месноста Добра Вода. По 3 децении се реализира овој пат, со што овозможуваме оваа сообраќајна врска да го поврзува населеното место со туристичка локација, но и нови можности за рекреација и пешачење, објави Спасовски на својот профил на Фејсбук.

Ако има дилеми околу тоа што има врска министер за внатрешни работи со манастир, изградба на пат и туризам, сепак, има: Тоа е уште една сообраќајница по кој полицијата од ресорот на Спасовски ќе го регулира сообраќајот.