Министерот Оливер Спасовски им се заблагодари на сопартијците за укажаната доверба да биде технички премиер на Владата која ќе ги подготви изборите.
– Ви благодарам на довербата и поддршката. Мојата желба е да бидам што пократко на таа позиција за што побрзо да се врати претседателот Зоран Заев. Одиме на победа, објави Спасовски на Фејсбук.
Како што веќе објавивме, СДСМ одлучи Спасовски да седне во фотелјата на Заев како технички премиер, а министерката Мила Царовска ќе биде техничка вицепремиерка на местото од Кочо Анѓушев.