Не фалат обрасци за лични карти, системот е добар, само треба да се изгласа Законот за лични карти, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот ФБ профил.

– Не обвинувам, само ги повикувам тие што се платени од граѓаните да ја вршат работата, да го изгласаат Законот за лични карти, бидејќи овој проблем покренува многу проблеми во секојдневното функционирање и мора да бараме излезно решение за да граѓаните ги остварат своите права, објави Спасовски на фејбук.

Апелира секој еден одговорно да пристапи, член на Парламент, Влада или локална самоуправа, да им служи на граѓаните за да може, како што напиша, да работиме.