Нема поубава и понадежна порака од оваа на децата од Основното училиште „Коле Неделковски“ од Скопје, сите ученици и во Државното музичко балетско училиште „Илија Николовски Луј“ и нивната изведба на химната на Европската Унија „Ода на радоста“, објави премиерот Оливер Спсовски по повод 9 Мај – Денот на Европа, на својот Фејсбук профил.
-На Денот на Европа овие наши млади наследници од иднината, од нивната иднина во Европската Унија, ја споделија со сите нас радоста на музичката солидарност во време кога надежта ни е најпотребна и која тие ја собраа и ни ја подарија под менторство на професорката Марија Ѓошевска.
Со нејзиниот аранжман и во изведба на Ведран Андреевски на пијано (во класа на проф.Борис Светиев), на Мила Андреевска на виолончело (во класата на проф.Маре Видевска), на Ана Котевска на виолина (во класата на проф.Олгица Здравковска), и на Дарија Мандариќ на пијано (во класа на проф. Славица Мицовска), го славиме денеска големиот ден – Нека ни е за многу години 9 Мај – Денот на Европа!,објави премиерот.