Додека се уште е во тек составувањето на „новиот тим“ на мандатарот за нова влада, Димитар Ковачевски, Македонскиот полициски синдикат на својот официјален профил на Фејсбук одбјави дека „тимот што победува не се менува“.
– Тимот што победува не се менува! Продолжуваме понатаму со подобрување на правата од работен однос и условите за работа на сите вработени во МВР, гласи објавата на Македонскиот полициски синдикат, која е илустрирана со повеќе заеднички фотографии со министерот во оставка, Оливер Спасовски.
Инаку, повеќе медиуми деновиве шпекулираат дека Спасовски останува на чело на МВР и во новиот владин состав.