Заедно со министерот Љупчо Николовски денеска бевме на прекрасната манифестација Невестинско поклонение во село Конопница, објави на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој појасни дека во Конопница биле на покана од градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, додавајќи дека се „секогаш со граѓаните“.

Слична порака објави и Николовски, министерот за земјоделство:

– Убаво е чувството да се потсетиме на нашата богата традиција и на традиционалните обичаи по повод верскиот празник Тодорова сабота, објави Николовски.