Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави на неговиот фејсбук профил дека го посетил Интерпол и дека ова е прва посета на министер за внатрешни работи од земјава (Македонија) на седиштето во Хаг.

– На мое посебно задоволство, со Извршната директорката на ЕВРОПОЛ, Катрин Де Бол, заеднички договоривме да ја интензивираме соработката и поддршката на МВР во делот на компјутерскиот криминал и во делот на економскиот криминал и финансиските истраги во наредниот период, објави министерот Спасовски.

Остануваме посветени на интензивирање на меѓународната соработка, пишува Спасовски и додава дека се отворени за унапредување на полициската соработката како со ЕВРОПОЛ, така и со сите други агенции за спроведување на законот ширум светот.