Техничкиот премиер Оливер Спасовски објави дека се прави отстапка од забраната за движење, односно полицискиот час, за сопствениците на миленичиња:

– На денешната седница донесовме измени на уредбата за ограничено движење, за да им се излезе во пресрет на домашните миленици. За време на викендите дозволено е шетање на милениците од 20 до 20:30 часот. Најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето, без групирање, твитна Спасовски.

Домашни миленичиња е широк поим, не се само мачиња и кучиња. Па, нејасно е дали оваа отстапка ќе може да ја користат и останатите сопственици на миленичиња и да се крши полицискиот час со папагалчиња, гуштерчиња, желчиња…!?