Сара Аврамова како што и е вистинското име и презиме или devojkata_od_pehcevo како што се претставува и е потпишана на својот Инстаграм профил е нова блогерка во Македонија.

Девојката од Пехчево е вистински македонски феномен. Оваа убавица за брзо време успеала да собере четири пати повеќе следбеници на Инстаграм, отколку што има жители градот во кој живее!

Нејзиниот Инстаграм профил го следат околу 11 илјади следбеници од Македонија, каде што расната Сара секојденвно споделува по некоја фотографија за која добива број на лајкови, речиси  колку сите  жители во Пехчево. Или што би се рекло народски, секој еден пехчевец, секојдневно и го посетува профилот.

„На последниот попис бројот изнесуваше околу 2500 жители а сега сме останати околу четворица“ – низ смеа раскажува Сара. Таа има и свој блог каде постојано споделува новости на нејзината Фејсбук страница Sara Avramova на која има 13.000 поддржувачи.

„Наскоро нешто спектакуларно за 10.000 лајкови на Сара Аврамова“ – најави девојката од Пехчево.

Во очекување на „спектаклот“ на Сара, уживајте во уште неколку фотографии од нејзината приватната фото-архива.