Чудесни се „социјалдемократите од Северна“ кога губат на избори. Тогаш станува невидливо нивното еазграничување меѓу „слободарското“ и „режимското“ на СДСМ, која ја има локалната власт во Куманово од осамостојувањето на Република Македонија.
Тоа може да се види и од зарипнатото секојдневно навивање на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово против градоначалникот од СДСМ во Куманово. Кандидати се двајца социјалдемократи од СДСМ, „режимскиот“ градоначалник Максим Димитриевски и неговиот „слободарски“ сопартиец Оливер Илиевски.
Целата објава на Спасовски од Фејсбук ја објавуваме подолу:
Почитувани сограѓани од мое Куманово,
Во недела бираме меѓу два концепта, на слободарско Куманово или на режимско Куманово.
Ние градиме Едно општество за сите граѓани. А тие го подриваат соживотот и ги делат луѓето. Глас за Максим е глас за режимско ВМРО! Со нив сте во опасност – сите се во опасност – и граѓаните и државата.
Со нас сте на сигурно – сите се на сигурно – и граѓаните и државата. Има разлика и знам дека ќе донесете исправна одлука што е Најдоброто. Јас ве уверувам и ве повикувам да го заокружиме бројот 12, затоа што кога станува збор за Куманово, и сме први и сме најсилни и ќе победиме!
Да продолжиме да го развиваме Куманово; да го задржи Куманово чекорот Напред; Во недела сите заедно да заокружиме 12 за Oliver Ilievski – нов градоначалник на општина Куманово е Најдоброто за општина Куманово.