Министерот за внатрешни работи денеска на својот фејсбук профил соопшти дека МВР има посебен оперативен план за ноќта на 31 декември, како и за утредента на први јануари.

Спасовски уште еднаш апелира на совесно прославување, без големи групирања и загрозување на јавното здравје. Предупредува и дека ако некој директно го загрозува здравјето на граѓаните, ќе мора да сноси одговорност.

-Исчезнаа огласите за групни прослави по викендици за Нова година откако започнавме со апели и проверки преку Секторот за превенција при МВР. Полициското присуство секогаш било засилено околу Нова Година и другите празници во текот на јануари затоа што е важно да се одржи јавниот ред и мир, а тоа го покажува ланскиот мал број пријави и инциденти. Имаме посебен оперативен план за ноќта на 31 декември, како и за утредента на први јануари, затоа апелирам за совесно прославување, без големи групирања и загрозување на јавното здравје, ако некој директно го загрозува здравјето на граѓаните ќе мора да си сноси одговорност, пишува министерот Спасовски.