Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по синоќеѓното двојно убиство во Скопје, ја теши јавноста дека е намален криминалот во Македонија.

Во објава на Фејсбук, министерот тврди дека стапката е намалена за повеќе од 30 отсто споредено со лани.

-Во поглед на вкупниот криминалитетот имаме намалување за 31.55 % во првите два месеца од 2023 година, споредбено со првите два месеца од 2022 година, вели Спасовски.