Изградивме Вакум станица за фекална канализација за цело Јурумлери, прва од ваков вид во Македонија. Јурумлери, за прв пат после 20 години добива фекална канализација и се ослободува од црна кал, а ВМРО-ДПМНЕ со години овде беше власт и не направи ништо, истакна попладнево носителот на листа во втората ИЕ од коалицијата „Можеме“ Оливер Спасовски.
Првата фаза, рече тој, е изведена со поставување на инфраструктурата кон две улици и домаќинствата и продолкжува втората фаза кон другите краци.
-ВМРО-ДПМНЕ им бараше самопридонес на граѓаните за водовод и канализација, а сега инфраструктурата до улиците е бесплатна за жителите затоа што ние ги насочуваме парите кон граѓаните. За прв пат по 20 години централната власт подаде рака на Гази Баба и само за патната инфраструктура во оваа општина се дадени 1 милион и 920 илјади евра, истакна Спасовски.
Тој информираше дека само во Изборната единица 2 со инвестиција од 48.585.698 денари, се изградени нови и рехабилитирани се над 159 километри патишта.
-Низ целата држава се градат 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, 900 километри локални патишта. Обновуваме повеќе од 1.500 киломентри постоечки патни правци. Интензивно се работи на локалната инфраструктура и дополнителни 500 киломенри водоводи и канализации. Направивме пресврт и покажавме што значат политики на парите кон граѓаните наместо во џебови на режим, нагласи Спасовски