Висок претставник на Северна Кореја пристигна во Вашингтон каде се очекува да има средба со претседателот на САД, Доналд Трамп и државниот секретар Мајк Помпео.
Американски медиуми тврдат дека Ким Јонг-чол кој е заменик на ЦК на Корејската патрија на трудот носи писмо до Трамп од севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
Ким Јонг-чол е „десна рака“ на севернокорејскиот лидер и главен партнер на Помпео во разговорите за нуклеарно разоружување на Северна Кореја. Последната средба меѓу нив беше откажана од Пјонгјанг.
Минатата недела тој го посети Пекинг каде се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг.
Севернокорејскиот пратеник пристигнува во Вашингтон во момент кога двете страни подготвуваат нова средба на високо ниво меѓу нивните лидери и покрај недостигот на напредок во преговорите за денуклеаризација. Двајцата лидери навјеројатно ќе се сретнат во Тајланд или Виетнам.