Американскиот претседател Доналд Трамп бара од Конгресот 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот кон Мексико со тврдење дека таа физичка бариера ќе спречи навлегување хероин, но статистиката и аналитичари укажуваат на поинаква состојба.

За време на судењето на наркобосот Ел Чапо утврдено е дека најголем дел од „тешките“ дроги биле пренесени на премини каде имало федерални агенти, а не низ делови од границата без инфраструктура.

Според податоци на американската Агенција за сузбивање наркотици од 2018 година, најмногу хероин е запленет на копнени премини во Калифорнија и Аризона. Најголем дел дрога во САД влегува скриена во каросерии на автомобили и во приколки каде се става заедно со легално увезени предмети.